Македонија
8. May 2018 - 11:36

Пукање во скопско - едно лице рането

Пукање во село Грчец, едно лице завршило со две прострелни рано на левото стапало. Како што информираат од МВР, вчера  околу 10.00 часот од лекар од амбуланта Сарај било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето Ј.И. (55) од с.Грчец со две прострелни рани на левото стапало. Истиот ден околу 09.40 часот пред мостот во с.Грчец лице од с.Раовиќ, скопско, со огнено оружје испукал неколку пати кон Ј.И., по што побегнал во непознат правец.

На местото на настанот биле пронајдени две чаури и траги од крв. Со возило на Итна медицинска помош, Ј.И. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде бил задржан на лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.