Македонија
19. јуни 2018 - 11:10

Пукање во Скопје - рането едно лице

Пукање во скопско Стденичани, рането едно лице. Според информациите од полицијата, вчера околу 20:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во с.Студеничани,скопско, бил пронајден со повреди од огнено оружје Е.Ш.(28) од с.Марино-скопско. Тој бил застрелан со повеќе истрели од огнено оружје од лицето К.А.(41) од с. Студеничани од возило во движење. На настанот му претходела тепачка меѓу двајцата. Е.Ш. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“,.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.