Македонија
8. December 2019 - 21:57

Пукање во Скопје попладнево - полицаец заврши во болница

Во СВР Скопје денеска е пријавено дека во 17:00 часот на улицата „Методија Митевски“ пред продажен објект, полицискиот службеник Ј.Ј., кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот.

Како што потврдија за МИА од МВР, кон полицаецот бил испукан проектил од огнено оружје, при што тој се здобил со повреда во раката и бил префрлен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.