Македонија
2. February 2018 - 13:35

Пукање во Скопје

. Според информациите на СВР Скопје поднесна е кривична пријава против  Џ.М. (44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 07.08.2017 година околу 17.15 часот на улица „Констатин Петковиќ“ во Скопје пријавениот со неговото возило го пресретнал возилото коешто го управувал оштетениот, по што извадил пиштол и започнал вербална расправија.

Во еден момент тој испукал куршум и го повредил оштетениот во левиот колк.