Македонија
23. May 2017 - 14:16

Пукање во Скопје

Во 18 часот и 30 минути во селото Кондово, скопско, пред угостителски објект, Б.К. додека управувал возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле и М.К. и Н.М., биле пресретнати од пет лица со кои порано имале нерасчистени односи. Едниот од нив извадил пиштол и почнал да пука кон нивното возило, по што сите избегале во различни правци.

Повредени за среќа нема, а на местото на настанот биле пронајдени три испукани чаури и еден проектил кој завршил во возилото.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.