Балкан
18. November 2015 - 21:22

Пукање во Сараево, има жртви!

Во Рајловац, Сараево, вечерва употребиле огнено оружје. Овој случај бил пријавен во полиција, во 19:35 Часот. Како што пишуваат тамошните медиуми, пукањето се случило на улицата Сафет Зајко до број 240 и веднаш била испратена полициска патрола.
 
На терен била повикан и брза помош, чии припадници се упатиле кон местото на настанот.
 
Според неофицијални информации во престрелките загинале најмалку две лица.