Свет
14. јуни 2017 - 22:48

Пукање во Сан Франциско, ранети неколку лица и напаѓачот

Неколку лица денеска се ранети во престрелка во Сан Франциско, а погоден е и самиот напаѓач, пренесоа локалните американски медиуми.

Пукањето се случило на подрачјето на фабриката „Јунајтед парсел сервис“, наведува локалната ТВ станица на Твитер, а пренесоа британските медиуми.

Никој од полицијата во Сан Франциско засега не излезе со коментар на инцидентот.