Балкан
17. October 2020 - 18:39

Пукање во Нов Белград, мета бил член на криминалната група „Пинк Пантер“

На паркингот пред трговскиот центар во Нов Белград, каде што попладенво околу 16:40 часот се случило пукање, во кое тешко бил ранет еден маж, во моментов се врши увид од страна на белградската полиција, пренесуваат српските медиуми.

Според „Танјуг“ во тек е интензивно пребарување на околината со цел да се пронајде напаѓачот.

Порталот „Блиц“, пак, информира дека пресметката се случила на паркингот, а напаѓачот потоа го фрлил пиштолот и се дал во бегство.

Од Брзата помош изјавиле дека во Ургентниот центар е донесен тешко повреден маж.

Дел од медиумите јавуваат дека застрелан е 35-годишниот Александар Шарац, кој важел за член на криминалната групата „Пинк Пантер“ позната по своите спектакуларни кражби во западноевропските земји.

Според неофицијални информации, тој веќе им подлегнал на повредите.