Свет
29. October 2018 - 13:39

Пукање во Лос Анџелес, има повредени: Крвопролевање пред ноќен клуб, настана хаос и паника

Неколку луѓе се повредени во пукање кое се случило пред еден ноќен клуб во Лос Анџелес.

Очевидците наведоа на социјалните мрежи дека пукање се случило во клубот Севиља во предградието на Лос Анџелес.

Две лица наводно се однесени во болница.

Сведоци наведуваат дека после пукањето настанал хаос и паника.