Македонија
13. December 2016 - 14:56

Пукање во Гостивар, еве што пронајде полицијата

Синоќа околу 23.30 часот во Гостивар на ул. „Сретко Крстески“, од страна на полициски службеник, кој бил на редовна работа, биле слушнати неколку истрели од огнено оружје испукани од непознато лице.

Увидна екипа од ПС Гостивар излегла местото на настанот и пронашла две чаури, од кои една на улицата и втората под патничко моторно возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки. 

Истите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.