Македонија
23. July 2016 - 14:02

Пукање во Гостивар - едно лице повредено

Од болницата во Гостивар вчера било пријавено дека бил донесен 28-годишниот Б.Н од село Форино кој имал прострелна рана во пределот на десното колено. 

- Повредниот ја здобил раната при семејна веселба кај соселанец кога непознато лице испукало проектил од огенено оружје, соопштуваат од полицијата во Гостивар. 

Момчето е надвор од животна опасност, а полцијата го уапсила 43-годишниот Н.М, човекот кој ја правел веселбата. 

Полицијата го расчистува случајот.