Македонија
20. November 2020 - 16:23

Пукање во Чаир, улицата кај Јаја Паша блокирана

По пукање во скопски Чаир улицата кај Јаја Паша е блокирана. Од МВР информираат дека во 14:55 пријавено е пукање од огнено оружје на ул.“Цветан Димов“ пред продавница за автоделови.

Досега нема имформации за повредени лица.

На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат МВР.