Македонија
5. February 2021 - 16:36

Пукање во Арачиново помеѓу две семејства, нема повредени лица

На 04.02.2021 околу 15,35 часот во СВР Скопје, А.А.(35) од село Арачиново, скопско, пријавил дека додека седел во неговиот двор со Ф.А.(31) од село Арачиново, со патничко моторно возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки поминале Ш.М.(36) и Ш.М., кои пукале кон А.А. и Ф.А., на што истите возвратиле. Повредени лица нема, а оштетено било возилото „форд галакси“ сопственост на Ш.М. и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ф.А.. Се работи на расчистување на случајот.