Македонија
17. October 2018 - 21:38

Пукање вчера во село Батинци

Вчера околу пладне во СВР Скопје, Р.С. (36) од село Батинци, скопско, пријавил дека во близина на гробиштата во село Батинци, додека се движел со неговото патничко возило „Ауди“ со швајцарски регистарски ознаки, лицето М.Џ. од село Батинци пукало со огнено оружје кон него, по што побегнало.

Р.С. не се здобил со повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје и на местото биле пронајдени две чаури, кои биле подигнати за натамошна постапка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.