Пуџдемон од Фландрија почна кампања за каталонските избори
Сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон денеска од Белгија започна кампања за каталонските избори закажани за 21 декември.
- Дали ќе ги прифатите изборните резултати на 21 декември ако победат тие кои се залагаат за независност? Дали ветувате дека ќе се откажете од директна контрола над каталонската влада ако тоа биде резултатот, упати прашања Пуџдемон до официјална Шпанија и ЕУ, зборувајќи пред своите приврзаници во Осткамп, во близина на Бриж, Фландрија.
Тој ја претстави листата на своите кандидати и истакна дека декемвриските избори се најважни во историјата на Каталонија.
Пуџдемон на почетокот на овој месец избега во Белгија, откако Шпанија распиша потерница по него и неговите соработници поради поттикнување бунтови во Каталонија.
Според најновите анкети, се очекува на претстојните избори да победат партииите кои се залагаат за независност на Каталонија.
Белгискиот суд му гарантираше условно ослободување на Пуџдемон, но му забрани да ја напушти Белгија без одобрување од судија.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата