Свет
22. October 2017 - 16:32

Пуџдемон - Каталонија не го прифака планот на Рахој

Каталонија не го  прифаќа  планот на шпанската влада  кој предвидува суспендирање  на регионалната влада и распишување на предвремни избори во рок од шест месеци.

Сепаратистичкиот лидер Пуџдемон  порача  дека  во  наредните денови  каталонскииот парламент ќе расправа  за одоговорот на планот на Рахој, кој за да се реализира мора да биде одобрен од шпанскиот сенат.

Седницата на сенатот е закажана за 27 окотмври а некои медиуми пренесуваат дека  дотогаш  властите во Барселона планираат да прогласаат независност на Каталонија.