Свет
23. October 2017 - 20:47

Пуџдемон доби понуда за засолниште во Франција

Мала група луѓе кои се залагаат за автономија, со седиште во близина на шпанската граница во Франција, му понуди засолниште на Карлес Пуџдемон.

Претседателот на Комитетот за самопрогласување Северна Каталонија Роберт Касановас изјавил дека има вила во селото Теза, јужна Франција, која е подготвена за Пуџдемон и 20 до 30 станови на располагање за останатите членови на неговиот кабинет, во случај да бидат принудени да ја напуштат Шпанија и да оформат каталонска влада во егзил.

Организацијата на Касановас бара поголема автономија за регионот на француските Источни Пиринеи, но не се бори за независност.