Свет
1. October 2017 - 10:41

Пучдемон гласаше на референдумот за независност на Каталонија

Каталонскиот регионален претседател на Владата Карлес Пучдемон гласаше на референдумот за независност на таа шпанска провинција.

Пучдемон гласаше во Корнела дел Тери, на 110 км североисточно од Барселона. Тој не беше во можност да гласа на регуларното гласачко место близу Сент Хулиа де Рамис бидејќи полицијата го опокли избирачкото место и не дзволуваше влез.

– Претседателот Пучдемон гласаше. Тие не можат да го замолчат гласот на народот. Ќе гласаме и ќе победиме, нагласи на Твитер Жорди Санчез, еден од лицата задолжени за кампањата, јави ДПА.