Публикација: Ромите во Велес живеат во руинирани куќи без услови за пристојно домување
Во неурбанизирани, стари, руинирани и неквалитетно изградени куќи живеат Ромите во велешките населби Прцорек, Кумсал и Костурница. Во Велес Ромите официјално се 677 жители, а неофицијално меѓу 800 и илјада. Само помалку од половината од куќите се легализирани, голем дел немаат струја и вода, поради неможност да си ги платата сметките.
Ова се дел од проблемите на Ромите во Велес, констатирани во рамки на проектот „Мапирање на разликите во домувањето за Роми“ што денеска беше презентиран со публикација и документарен филм проектиран во Општина Велес.
Проектот со средства од ЕУ се спроведува во уште седум општини: Куманово, Кичево, Кочани, Штип, Битола, Прилеп и Чаир во реализација на Здружението „Ромски деловен информативен центар на Македонија“.
Рамуш Мулај, координатор на проектот, информира дека повеќе од половината од велешките Роми аплицирале до крајот на минатата година за легализирање на нивните објекти, а од нив повеќето од 50 отсто се веќе решени. Останатите, како што рече, се во постапка.
Тој појасни дека дел од нивите постапки за легализација се во прекин од причина што немаат урбанистички планови во населбите во кои живеат и кои Општина Велес треба да ги донесе за нивните домови потоа да се легализираат.
Елизабета Јовчевска од Општина Велес, за МИА појаснува дека општината им излегува во пресрет на граѓаните Роми и за нив изготвува бесплатни елаборати за легализација на нивните домови.
Таа потенцира дека Општина Велес е отворена за решавање на прашањата на сите граѓани па и за граѓаните Роми. Појасни дека голем дел од нив имаат поднесено барање до Општина Велес за легализација на нивните домови
-Дел од барањата се уредни,а дел треба да се дополнат со документација и граѓаните се известени за тоа истите треба да ги дополнат и се постапува по нив. Веќе дел и се одговорени со тоа што се донесени решенија и завршени постапките за легализација и веќе се во нивна сопственост. Дел од нив дополнително се решаваат, појасни Јовчевска.
Таа информира дека половина од дивите објекти кои се на нестабилно подрачје како што е месноста Рамина, а кои не можат да се решат од причина со барањето сопствениците мора да достават и елаборат за статика на куќата за да може може понатаму да продолжи постапката.
Јовчевска посочи дека без тој документ не може да продолжи постапката,а со донесување на таа документација објектот може да се легализира.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд