Свет
1. December 2020 - 15:49

Птичјиот грип се шири во Јужна Кореја – убиени 400.000 кокошки и патки

Јужнокорејските власти потврдија дека епидемија на високо патоген вирус на птичји грип Х5Н8 избувнала на фарма за живина на југозападот на земјата, објави Светската организација за заштита на здравјето на животните (ОИЕ).

Цитирајќи изјава од јужнокорејското Министерство за земјоделство, ОИЕ издадоа предупредување на својата веб-страница во кое се наведува дека 19.000 патки биле убиени на живинарска фарма во градот Гирин-ри, објави „Ројтерс“.

Над 392.000 кокошки и патки се превентивно убиени на шест фарми во тој дел од земјата, објави јужнокорејското Министерство за земјоделство.