Живот
9. August 2017 - 9:52

Птица стара четири милениуми пронајдена во норвешки мраз

Во Норвешка е пронајден замрзнат и идеално зачуван дрозд стар 4.200 години.

Птицата, чија старост е утврдена  со јаглеродни тестови, е секцирана за да се утврди дали нејзините внатрешни органи успеале да го издржат тестот на времето.

Истражувачот на Норвешкиот унивиерзитет на наука и технологија од Трондхајм, Јорген Росволд соопшти дека дроздот го открил службеник на Норвешката агенција за контрола на природата на планината Опдал.

- Тоа е апсолутно фантастичо откритие. Никогаш до сега не сме ѕирнале во 4.000 години стар организам за да видиме како изгледа внатре, изјави Росволд.

Истражувачите во почетокот верувале дека птицата не е постара од повеќе од неколку стотина години, за потоа да откријат дека на норвешкото небо оваа птица летала пред неколку милениуми. Тие веруваат и дека птицата ја уловил и убил лакомец или лисица.

Испитувањата откриле дека голем број органи на замрзнатата птица, како на пример срцето и црниот дроб се целосно недопрени, што би овозможило да се направи увид во условите за живот во Норвешка пред илјадници години.