Фудбал
26. December 2020 - 14:13

ПСЖ скапо ќе го плати отказот за Тухел

Најмалку пет милиони евра ќе треба да му плати ПСЖ на Томас Тухел, како обесштетување за предвремениот раскин на соработката со германскиот тренер, објави денеска „Л”Екип“.

Според парискиот весник, обесштетувањето што ПСЖ ќе му го исплати на Тухел може да достигне до седум милиони евра, во зависност од резултатите што францускиот првак ќе ги оствари до крајот на сезоната.

Тухел, кој претходно неделава беше отпуштен шест месеци пред истекот на договорот, заработуваше 625.000 евра месечно, плус дополнителни бонуси и премии.

Најсериозен кандидат за негов наследник е Аргентинецот Маурисо Покетино.