-->
-->
ПСЖ подготвен да издвои 193 милиони евра за Нејмар
-->
По најавата дека Златан Ибрахимовиќ летово ќе го напушти францускиот шампион Париз Сен Жермен се погласни се најавите за тоа кој ќе го замени шветскиот голгетер во редовите на „Светците’’. Послефдната информација која ја пласира весник „Л'Екип“, вели дека најбиско до трансфер во Париз е Бразилецот, Нејмар.
Според весникот, Вагнер Рибеиро менаџерот на Нејмар е отворен за преговори со катарскиот емир и сопственик на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи за трансфер на Бразилецот до Барселона во ПСЖ.
-Договорот на Нејмар со Барселона истекува во 2018. година. Сепак, во иднина примамлив е животот во Париз, а играње во клуб каков што е ПСЖ е сон за секој фудбалер. Ќе разговараме за можен трансфер доколку ПСЖ покаже интерес. Не мислам дека 193 милиони се проблем за парискиот клуб, изјавил Рибеиро за францускиот весник.
Француските медиуми пренесуваат дека сопственикот на францускиот шампион е спремен да ја плати откупната клаузула на бразилската суперѕвезда, која изнесува 193 милиони евра. Новата плата на Нејмар би изнесувала 5,5 милиони евра повеќе од сегашната
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност