Фудбал
21. јуни 2016 - 13:53

ПСЖ останува без тренер

Менаџерот на тренерот на ПСЖ Лоран Блан, Жан Пјер Бернес, потврдил дека неговиот клиент до крајот на неделата ќе го напушти клубот, иако во февруари потпиша нов двегодишен договор.
 
„До крајот на оваа недела Блан и ПСЖ ќе се разделат. Разговараме со директорите и засега се оди во најдобар ред“, изјавил Бернес за француското радио.
 
ПСЖ по палката на Блан во изминатите две сезони освои две „тројни круни“ во домашниот шампионат, но во Лигата на шампионите не стигна подалеку од четвртфиналето.
 
Француските медиуми шпекулираат дека Блан заминува бидејќи претседателот на клубот сезоната ја оценил како неуспешна.