Фудбал
7. August 2020 - 13:05

ПСЖ не гледа иднина во Роналдо

Иако повторно се појавија шпекулациите дека Кристијано Роналдо сака трансфер во Пари Сен-Жермен, но богатиот француски клуб повеќе би сакал да ги обврзе Килијан Мбапе и Нејмар со нови договори, тврди „ЕСПН“.
 
Договорите на Мбапе и Нејмар со „светците“ завршуваат во 2022 година и клубот смета дека тие треба да се приоритет иако наводно со години се обидувале да го убедат Роналдо да пристигне во француската престолнина.
 
Португалската ѕвезда имаше шанса да се приклучи на ПСЖ повеќе пати по преземањето на клубот од страна на Катар спортс инвестментс (QSI) во 2011 година, и најблиску беше во 2014 година откако Реал Мадрид ја освои „Ла десима“, десеттата европска титула во 2014 година. Според француските медиуми на маса честопати биле многу богати понуди, а неговиот долгогодишен агент Жорге Мендеш преговарал со клубот, но тој постојано ги одбивал.
 
Сега, оваа недела се јави веста дека Роналдо го сменил мислењето и дека е конечно подготвен да замине во Париз, но сега таму сметаат дека 35-годишниот Роналдо, кој има две години од договорот со Јуве, треба да се фокусира на ЛШ со Јувентус.