Фудбал
28. October 2019 - 10:35

ПСЖ го совлада Марсеј, Мбапе и Икарди постигнаа по два гола

Францускиот фудбалски шампион Пари Сен-Жермен синоќа го совлада Марсеј со убедливи 4:0 во последниот натпревар од 11. коло на Лига 1.

Мауро Икарди и Килјан Мбапе постигнаа по два гола, додека две асистенции отидоа на контото на Анхел Ди Марија.

За ПСЖ ова беше третата победа во низа. Со 27 бода тие се лидери на табелата.

Марсеј остана на 16 бода, доволно за во моментов седмо место.