Македонија
25. January 2016 - 17:06

ПССЕ денеска донесе одлука за 20 членови кои ќе го надгледуваат изборниот процес во Македонија

Парламентарното собрание на советот на Европа ќе ги набљудува изборите во Македонија, кои ќе се одржат ан 24 април. На првиот ден од редовната зимска сесија во Стразбур Советот ја избрал мониторинг мисијата за парламентарните избори.
 
Во набљудувачкиот тим на Парламентарното собрание на советот на Европа ќе има 20 членови. Мисијата ќе ја прдводи Стефан Шенах, досегашен претседател на Мониторинг комитетот.
 
Оваа одлука на парламентарното собрание има значајна улога во мониторирање на изборите. Изборот на тимот ќе овозможи уште една релевантна оценка на изборниот процес. 
 
По ОБСЕ и ОДИХР, кои исто така ќе ги набљудуваат изборите,  оваа мисија се оценува за најзначајна мисија за набљудување избори во Европа.
 
ОДИХР ги следеше и минатите избори кои позитивно ги оцени, за демократски и фер.
 
Инаку, денеска за нов претседател на ПС на Совет на Европа е избран Педро Аграмунт од Шпанија, пријател на Македонија во СЕ, кој ќе има мандат од две години.