Македонија
12. September 2016 - 17:11

Психоза завладеа меѓу скопјани поради земјотресите

За стравот и паниката што завладеа меѓу скопјани поради вчерашните земјотреси, разговараме со д-р Славица Арсова, специјалист психијатар од Клиниката за психијатрија.

Децата треба да се пуштаат во градинките и училиштата. Луѓето треба да продолжат со секојдневното функционирање, препорачува д-р Славица Арсова, специјалист психијатар од Клиниката за психијатрија.

Во однос на паничната состојба кај луѓето по серијата земјотреси, таа вели дека е мал бројот на оние кои побарале помош на Клиниката.

-Вознемиреноста не може да остави трајни последици, таа е една акутна стресна реакција и вообичаено трае 1 или 2, максимум 3 дена. Деоколку постои некое друго психичко нарушување може во оваа ситуација да се продлабочи истото или да се влоши,. Но тоа не претставува ризик или дека со сигурност такво нешто ќе се случи, додава Арсова во Вестите на Сител.