Македонија
5. August 2020 - 15:28

Психологот Пачоска: Добро би било децата да продолжат во училиште

За сите деца значаен е социјалниот развој и затоа добро би било да можат да продолжат да одат на училиште или во градинка, изјави за Сител психологот Натка Пачоска. Според неа за реалзиација на овој процес неопходна ќе биде добра организација од воспитно образовните институции, а родителите ќе треба од дома да ги подготват децата за носење маски, држење дистанца и цеста дезинфекција на рацете впрочем како за се досега што ги подготвувале вели психологот. Повеќе во вестите во 16 часот.

 

Александар Динев