Македонија
13. April 2019 - 16:19

Психолог ги навреди децата со Даунов, ќе следува ли одговорност?

Комората на психолози ги осуди и се оградува од навредливите и дискриминирачки ставови објавени на пруиватен Фејсбук профил на нивниот член Јове Хаџиевски. На итна седница ќе одлучат какви мерки ќе преземат.

-Управниот одбор на комората на психолози свика итна седница на која ќе се дискутира за овој настан и ќе се преземат соодветни мерки согласно етичкиот кодекс на психолозите“, стои во реакцијата од комората.

Реакцијата на Комората следи откако психологот Хаџиевски на неговиот прпофил објави слика на премиерот Зоран Заев со деца со Даунов синдром над која напиша „Конечно во друштво со интелектуално рампноравни на себе“ .

Тој подоцна се извини и објасни дека намерата не му била  да ги омаловажи децата со Даунов синдром, туку да укажае на тоа како некој не бира ништо за да добие политички поени.

-Јас сум работел со деца со даунов синдром и знам колку се тие емоционално топли и мили. 
Но, во постот тие не беа цел, туку политичарот кој ги користи во свои себични политички цели.
Немам намера да се правдам ... затоа и реков ... намерата беше друга, очигледно контекстот што го одбрав беше погрешен.
ЈАС ЈАВНО ИЗВИНИВ!!!
Политичарот тоа нема да го направи!!! Напиша психологот.

На неговиот коментар на социјалните мрежи реагираа и голем број граѓани.

Инаку токму етичкиот кодекс по кој ќе постапува Комората на психолози меѓу другото предвидува Почитување на човековите права и личното достоинство

-Психолозите  се свесни  за  нивната  професионална  одговорност  кон  општеството и  заедниците  во кои  работат  и  се придржуваат  кон  професионалните  стандарди  на  однесување. 

Свесно не  учествуваат во активности на други лица засновани на предрасуди и дискриминаторски  односи и преземаат соодветни мерки за нивно спречување, СЕ вели во основните начела на етичкиот кодекс на психолозите.