Македонија
3. јуни 2020 - 17:02

Психијатриската клиника скенира - дали граѓаните имаа психолошки последици од Ковид кризата

Лесно се вознемирувам, реагирам претерано на обични ситуации, воопшто не можам да доживеам позитивно чувство.

Овие и уште голем дел други прашања поврзани со психичката состојба на луѓето се содржани во меѓународното истражување за влијанието од пандемијата врз менталното здравје, кое кај нас го спроведува Клиниката за психијатрија.

“КАКО СТЕ? КОВИД-19 и ментално здравје” - од Клиниката велат дека одговорите на оваа анкета ќе помогнат на докторите да развијат соодветни здравствени политики.

Според досегашното искуство, последиците се очигледни, вели Бајракјтаров.

“Нагорен тренд на депресии, самоповреди, анксиозност...”

Апел граѓаните да ја пополнат анкетата упати и министерот Филипче. Истражувањето е анонимно, а информациите ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со постоечките закони

”Да им помогнеме на истражувачите за подобро да ги разберат последиците по менталното здравје од целата криза со коронавирусот”, напиша Филипче.

Истражувањето се спроведува во повеќе европски земји, а глевен координатор е италијанското здружение за социјална психијатрија.

Учеството е со пополнување на онлајн-анкета, а неа граѓаните можат да ја најдат на интернет страната на Министерството за здравство.