Македонија
20. јуни 2018 - 16:34

ПС на Советот на Европа ќе го мониторира референдумот

Догoворот со Грција е храбар и историјски чекор, но мора да се потврди со референдум, сметаат известувачите од парламентарното собрание на Советот на Европа. Тие го осудија неделниот инцидент пред Собранието, со порака дека демократијата не се спроведува со насилство. На сакаа да ги  коментираат поединечните  случаи на полициска бруталност, со образложение дека им требаат дополнителни информации.

Одлуката на Иванов да не го потпише догворот може да го закочи процесот сметаат известувачите на ПССЕ.

Тие позитивно гледааат на одлуката на ВМРО ДПМНЕ да се врати во Параламентот,  со што партијата се  покажа како  политички одговорен фактор.

Од посетата на Македонија ќе биде изготвен извештај кој ќе биде доставен до ПССЕ.