Првпат ниту еден новозаразен од Ковид-19 во Косово
Во Косово вчера не е регистриран ниту еден нов случај на заразен од новиот коронавирус по извршените 138 тестирања, додека истиот ден се потврдени четири случаи на лица кои ја пребродиле болеста и ниту еден починат.
Според соопштението на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК), објавено синоќа, ова е првпат во едно деноноќие да нема ниту еден официјално потврден случај на заболен од Ковид-19, откако на 13 март беа откриени првите две лица носители на новиот коронавирус.
Согласно последните податоци, бројот на лица кои имале позитивни резултати на тестирањата од почетокот на пандемијата останува 1.032, додека вклучително вчерашните четири, според методите на Светската здравствена организација, бројот на излекувани достигна 789. Починати од новиот коронавирус се 29 лица, од кои последниот случај беше на 12 мај.
Во Косово моментно официјално како активни случаи на заболени од Ковид-19 се водат 214 лица.
Во лабораторијата за микробилогоија на ИШПК досега се извршени вкупно 13.262 тестирања на лица за кои постоело сомневање дека се носители на новиот вирус.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто