Loading Video...
Фудбал
12. November 2018 - 13:16

Првото „Супер Класико“ меѓу Бока и Ривер заврши без победник

 
 
Големото аргентинско и јужноамериканско дерби, меѓу лутите ривали Бока Јуниорс и Ривер Плата ги оправда очекувањата и на најпребирливите љубители на фудбалот. 
 
Првиот финален меч од јужноамериканската Лига на шампиони или популарниот Копа Либертадорес,популарното „Супер Класико“ заврши без победник 2-2.
 
Домаќините на два пати имаа предност. Поведоа во 34.минута со голот на  Рамон Абила, но неполни две минути подоцна Прато го израмни резултатот. 
 
Во судиското дополнение на првиот дел Дарио Бенедето одново и донесе предност на Бока. 
 
Благодарение на автоголот на Изкиердоз во 61.минута, Ривер Плата стигна до израмнување, кое на Ривер Плата и носи мала предност во пресрет на реваншот на „Монументал“ закажан за 24 ноември.