Македонија
1. January 2019 - 12:45

Првото новороденче во Струмица машко, новогодишната ноќ помина мирно

Првото новороденче во Струмица на свет го донесе Наташа Бабулова од Струмица во еден часот по полноќ. Нејзе ова и трето дете, а породувањето го извршил гинекологот д-р Митко Киров.

Според портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска новогодишната ноќ на територијата која ја покрива овој сектор поминала мирно и без ниту еден регистриран инцидент.

Во Итната медицинска помош во Струмица само пет лица побарале помош поради алкохолизирана состојба. Од нив еден е на вораст од 45 години, додека останатите биле малолетници на возраст од 12 до 13 години.