Првомајски прoтести на ССМ – барања за повисоки плати и достоинствена работа
Синдикалците и власта заеднички го одбележаа денот на трудот. За време на протетсот пред Владата во организација на ССМ, за прв пат се појавија и владини претставници – вицепремиерот Битиќи и министерката за труд Тренчевска. Си честитаа и се заблагодарија меѓу себе.
Реториката пред појавувањето на министрите беше поостра. Главната порака беше држава ви изградивме, без плата не оставивте.
Пред синдкалците вицепремиерот Битиќи вети подобри услови за работа за сите.
Протестот на ССМ доаѓа во време кога најгласно се бара токму од државата да ја почитува и исплаќа минималната плата. Но, аплетите на власта се однесуваат само на приватниот сектор.
Денешниот беше најголем првомајски протест по повеќе години, а заврши со преговори меѓу ССМ и владата. Според извори на Сител, двете страни се на чекор до потпишување договор за зголемување на сите плати за 2806 денари и исплата на к15 во висина од 30 до 100% од просечната плата.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар