Loading Video...
Кошарка
12. September 2019 - 14:07

Прволигашката кошарка започнува на 5 октомври: Одреден распоредот на натпреварите за новата сезона

 
Денеска, во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија беше одржан ждрепката за новата натпреварувачка сезона. 
 
Првата машка лига која годинава ќе брои 11 екипи, треба да започне на 5-ти октомври.
 
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром одбраната на титулата ќе ја започне пред својата публика во „Јане Сандански“ со дуелот против Куманово. 
 
Минатогодишниот финалист Работнички во првата рунда ќе гостува кај дебитантот Академија ФМП. 
 
Гостивар како и лани и годинава има амбиции за висок пласман, а во првото коло ќе игра во Кавадарци против Еуро Никел 2005 (поранешен Фени Инд.)
 
Преостанатите два пара за премиерното коло се, Кожув – АВ Охрид и Вардар – Пелистер, а слободен во првата рунда ќе биде тимот на вториот тим на аеродромци, односно МЗТ Скопја Аеродром (2). 
 
Првата пресметка од „вечното дерби“меѓу Работнички и МЗТ Скопје ќе се игра во последното 11.коло од првиот дел кон крајот на декември.