Loading Video...
Кошарка
1. July 2019 - 16:20

Прволигашите официјално побараа, да се укине правилото за „тројца Македонци“ на терен

Кошаркарските клубови прволигаши и официјално до федерацијата побараа промена на правилата во однос на настапот на македонските кошаркари  
 
Девет клуба кои следната сезона имаат право за настап во Првата лига денеска, поддржани и од ркипата на Шкупи која испадна во понизок ранг, поднесоа официјално барање до Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) за промена на Регистрацискиот правилник (РП) односно за укинување на загаранатираната минутажа на македонските кошаркари. Клубовите сепак се согласни бројот на странци да остане ист како и лани односно четворица, но за нив проблематичен е бројот од тројца македонски кошаркари кои постојано треба да бидат во игра на натпреварите во Првата и Супер лигата, додека во плејофот таа бројка би се намалила на двајца.
 
Незадоволни од ова правило, кое како што истакнуваат клубовите, прави проблеми не само на буџетот на екипите, поради енормните финансиски барања на македонските играчи туку и на тренерите, би требало УО на КФСМ во најкус можен рок да го разгледаат, по што членките на Собранието на федерацијата, би се изјасниле. 
 
Неофицијално, доколку нивно барање не биде усвоено, клубовите се дури и подготвени да не го почнат првенството, имајќи ги во предвид и неодамнешните бараша на Здружението на кошаркари кои исто така најавија можен штрајк ако клубовите им ја тргнат загарантираната минутажа.