Спорт плус
5. February 2019 - 14:53

Прво злато за Шифрин на Мундијалот во Оре

Со трката во супер-велеслалом во женска конкуренција, денеска во швескиот ски-центар Оре започна Светското првенство во аплско скијање.  
 
Акериканката Михаела Шифрин која важи за топ фаворитка кај дамите на Светското првенство, го освои својот прв златен медал во Оре. 
 
Таа беше најдобра во супер-велеслаломската трка и тоа за само две стотинки побрза од најголемата ривалка во оваа дисциплина Софија Гоџија која до среброто стигна со само три стотинки побрзо време од Швајцарката, Корине Сутер. 
 
За Шифрин ова е вкупно пети медал од Мундијалите, а четврти златен. Претходните Американката три најсјајни одличја, ги освои во слаломските трки на шампионатите во Шладминг (2013 година), Берев Крик (2015) и во Сент Мориц пред две години кога во велеслалом освои и сребро. 
 
Следната трка кај дамите е во недела, кога е закажан спустот, а утре на програмата е машкиот супер-велеслалом.
 
Што се однесува до настапот на македонските скијачи. Сите четворица и тоа, Антонио Ристевски, Лука Божиновски, Виктор Петков и Дардан Деари ќе се натпреваруваат само во две дисциплини велеслалом и слалом, чии квалификации се закажани за 14 и 16 февруари