Бизнис
15. January 2019 - 19:38

Прво задолжување годинава од 11,4 милиони евра

Нова година со нови задолжувања. Државата кај домашните кредитори денеска се задолжи за 11,4 милиони евра.  Министерството за финансии понуди двегодишни државни обврзници без девизна клаузула. Со камата од 1,1 отсто. Ново задолжување ќе има на 29 јануари.

На задолжување реагираа од опозицијата.  Велат дека  владата продлжува да ги задолжува граѓаните кај домашните и странските финансиски субјекти.

-Задолжувањата СДСМ ги правда како враќање стари долгови но тоа не е ништо друго туку ново задолжување, се вели во реакцијата од партијата.

Од министертвото за финансии пак велат дека нема ново нето задолжување, од денешната аукција. Износот кој се враќа е поголем од долгот.

Министерството за финансии на 14.01.2019 година веќе врати 250 милиони денари (4,1 милиони евра), а на 23.01.2019 година ќе се вратат 868,6 милиони денари (14,1 милиони евра), велат финансии.

Според податоците на НБРМ бруто  надворешниот  долг на крајот на третиот квартал од 2018 година изнесува 8,4 милијарди евра или 80 отсто од БДП. Во споредба со претходниот квартал е намален за 26 милиони евра. 

Во споредба со крајот на 2017 бруто надворешниот долг е повисок за 1 милијарда евра при истовремено зголемување на јавниот и на приватниот надворешн долг, покажуваат одатоците на НБРМ.