Џет-Сет
3. November 2016 - 21:10

Прво појавување по 30 години: Еве како изгледа Марија од „Жикина династија“

Култниотт филмски серијал „Жикина династија“ освен по незаборавниот Гидра, сите го паметат и поради љубовната приказна меѓу Боба и Марија која ја играше Риалда Кадриќ (53). Првпат по 30 години Риалда повторно се појави на телевизија, а промената е очигледна.

Риалда гледачите ги освои како симпатичната Марија која ја глумеше во осум продолженија од „Жикина династија“.

… А нејзината љубов со Боба (го глумеше Владимир Петровиќ) влезе во историјата на југословенската кинематографија.

На почетокот од 90-тите Риалда се пресели во Америка, а потоа во Велика Британија каде моментално работи како психотерапевт.

Printskrin: TV Prva

Таа деновите гостуваше на една од српските телевизии каде подетално раскажа за својот живот по актерската кариера во бивша Југославија.

Printskrin: TV Prva