Македонија
1. January 2016 - 13:53

Прво па машко во Куманово

Првото бебе во Куманово во 2016 година е машко, родено 35 минути по полноќ во кумановската болница. Тоа е прво дете во семејството Ѓорѓевиќ од кумановското село Речица. И мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба.

- Прво бебе ни е во семејството, се уште нема име. Чекаме кумот да ни го каже, изјави, 27 - годишната мајка, Марија Ѓорѓевиќ.
 
Новороденчето доби пригодни подароци од локалната власт и од Општата болница. Здравје, среќа и успех на новороденчето и мајката, како и на сите граѓани од име на општината им поска секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска
 
Ова е единственото бебе кое е родено во новогодишната ноќ во Куманово. Бебето е тешко 2,990 килограми и долго 50 сантиметри.
 
- Бебето е витално, мајката е добра се подори со царски рез, изјави началникот на гинеколошко-акушреското одделение, доктор Нисо Тасов.
 
Информираше дека неколку пациентки чекаат во породилната сала. Во текот на 2015 година, на одделението за гинекологија се родиле 1.540 бебиња, 60-тина помалку во однос на претходната година. Лани во кумановската болница се родиле и 12 пара близнаци.
 
Новогодишната ноќ во Куманово помина мирно, без проблеми. На одделението за хирургија помош побарале две млади лица кои имале телесни повреди на главата.
 
- Двајцата повредени се млади. Имаа телесни повреди на главата, им пруживме помош. Ноќта беше мирна, иако ние работевме тековно, изјави доктор Агрон Алими од одделението за хирургија,од општа болница Куманово.
 
На интерното одделение во текот на новогодишната ноќ, бележат само две интоксикации од алкохол кај двајца 19-годишници. По пружената помош двајцата пуштени се на домашно лекување, информираше Љупка Стојчева, главна сестра на интерното одделение.
 
И од Итна помош Куманово не интервенирирале за време на новогодишната ноќ.
 
Од СВР Куманово информираат дека новогодишната ноќ поминала без проблеми, регистрана е само една сообраќајна несреќа со материјална штета.