Македонија
24. December 2020 - 15:06

Прво ќе се формира уште една нова институција, па потоа ќе се крати администрацијата

Следната година ќе се формира нова Дигитална агенција, која ќе биде клучна за дигитализацијата на администрацијата и институциите. Ова го најави министерот за информатичко општество и администрација, но вели дека сè уште нема проекции за тоа колкумина ќе работат во Агенцијата и колку тоа ќе го чини државниот буџет.

Министерот ветува дека ќе се намали бројот на административци бидејќи тоа е владина определба, но најпрво треба да се реорганизира целата администрација, а дури потоа ќе се разговара за реформскиот модел.

Во јавниот сектор работат над 133.000 лица, а според владината програма до 2024 година администрацијата треба да се намали за 20%, но и да се реформира, со цел да се создаде професионална и поефикасна јавна администрација.

 

Мирјана Јовеска