Прво изненадување во Индијан Велс: Зверев елиминиран од Ленард Штруф
Првото големо изненадување во машката шема во Индијан Велс веќе е реалност. Еден од фаворитите за трофејот, Александар Зверев беше елиминиран уште во третиот круг од турнирот од неговиот сонародник Јан-Ленард Штруф.
Третиот во светот изгуби од бр. 55 на светската ранг-листа за нешто повеќе од еден час, откако не беше препознатлив на теренот. Зверев освои само четири гема и беше поразен со 3:6, 1:6 за 72 минути.
Штруф беше бескомпромисен во неговите удари, а неговиот еминентен сонародник беше бледа сенка на себе. Па така Германецот, кој не е носител во Индијан Велс, изненадувачки или не, сепласираше во осминафиналето.
Место таму допрва треба да извојува лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ. Тој ја започна својата средба со друг германски ветеран, Филип Колшрајбер, но по само еден гем, мечот беше запрен и одложен за денес поради силниот дожд.
Резултати од Индијан Велс, 3 коло:
Милош Раониќ – Маркос Хирон 4:6, 6:4, 6:4
Иво Карловиќ – Праднеш Гунесваран 6:3, 7:6
Јан-Ленард Штруф – Саша Зверев 6:3, 6:1
Миомир Кечмановиќ – Ласло Џере 6:2, 7:6
Гаел Монфис – Алберт Рамос 6:0, 6:3
Доминик Тим – Жил Симон 6:3, 6:1
Јошихито Нишиока – Феликс Оже-Алиасим 6:7, 6:4, 7:6
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок