Џет-Сет
4. May 2017 - 10:30

Прво интервју на Бред Пит по разводот

Еден од најпознатите холивудски глумци, Бред Пит деновиве го даде првото интервју по тешката година и разводот со Анџелина Џоли.

Интервјуто се уште не е објавено, но оние кои имале можност да видат дел од него, како и вработени во редакцијата на „Џи-Кју“, го опишуваат како „носталгично“.

Иако досега не говореше многу за неговиот приватен живот, во разговорот за познатото списание, Бред се отвори за љубовта, родителството, за она што го изгубил, но и тоа како го пребродил тој тежок период во својот живот.

На фотографиите за списанието, направени во неколку национални паркови во САД, Пит изгледа драстично послаб, но и помлад.