Прво го удирал со дрвен стап па го прободел со нож - струмичанец осомничен за обид за убиство
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 57-годишен жител на село Вељуса поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид, информираат од Основното јавно обвинителство Скопје.
Според обвинението, осомничениот, на 4 мај 2021 година, околу 8:30 часот во село Вељуса, се обидел да го лиши од живот оштетениот кој се движел по главниот пат. Без никаков повод или причина и без претходна вербална расправија, осомничениот со брзи чекори му се приближил од зад грб на оштетениот и со дрвен стап со должина од околу 1,50 метри започнал да го удира во пределот на главата и телото. Кога оштетениот успеал да му го одземе дрвениот предмет, осомничениот иако бил свесен дека поради неговото сторување може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување, со нож со дрвена рачка и сечило од околу 20 сантиметри што го држел во другата рака, го прободел оштетениот во левата страна од половината.
Осомничениот се товари за кривичното дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, а во насока на непречено одвивање на кривичната постапка јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот, како што инфомираат од ОЈО Скопје, бил прифатен од Судијата на претходна постапка при Основниот суд Струмица, така што на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање