Македонија
11. May 2020 - 14:13

Првите сведоци сведочеа за организаторите на 27 април

Управата за безбедност и контраразузнавање го подготивила планот за влез во собранието на 27 април, тврдеше денеска пред судот сведокот Михаил Младеновски кој беше амнестиран во претходниот предмет за собраниските настани. Протестите требало да направат притисок за формирање влада меѓу дотогашните коалициони партнери, сведочеше Младеновски. Тој бил дел од посебна структура која имала задача да ја известува УБК за бројот на присутни на протестите, нивната возраст и мотивираност. 

„Неговиот исказ во добар дел ја покажува инволвираноста како на една политичка партија, така и на структурите до тогашната УБК“, изјави Вилма Рускоска, Јавен обвинител.

Пред судот сведочеше и вработен во собранието кој управувал со системот за гласање и озвучување. Според Сашко Коцевски, тогашната опрема не дозволувала претседавачот со конститутивната седница да го исклучи пратеникот кој ја пееше албанската химна. Тој ниту имал право на збор оти не бил ниту координатор ниту заменик.

„Вториот сведок според неговите генералии е дипломиран педагог кој што по својата струка постапува со деца во предшколска возраст и тој остана да толкува деловник што сметам дека е  сигурно  несериозно. Овој сведок не потврди дека можел го исклучи оти од 2017-та година таа функција не постоела“, изјави Еленко Миланов, Адвокат.

„Во моментот можел Трајко Вељановски  да го исклучи микрофонот на говорницата  кога тогашниот пратеник Зекирија започнал да ја пее албанската химна“, смета Русковска. 

Во среда пред судот ќе сведочи техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Како организатори за случувањата од 27 април обвинети се Трајко Вељановски, Владимир Атанасовски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.