Македонија
27. November 2021 - 19:41

Првите двајца преживеани пристигнаа на Клинички во Скопје

Најмладата повредена пациентка, 17 годишната девојка, денеска од Софија беше префрлена на скопските клиники. Со нејзе е пренесен и уште еден од повредените патници, 49 годишен маж. Пред ургетниот центар ги пречекаа нивните семејства. Тие ќе го продолжат лекувањето на клиниката за пластичлна хирургија. Ќе добијат и психолошка поддршка. Нивните блиски се уште се во голем шок , поради оваа трагедија. 

Министерот Филипче рече дека овие патници се здобиле со полесни повреди и нивната здравствена состојба е стабилна. 

Останатите 5-мина кои се уште се на лекување во Бугарија, исто така се добри. Ќе бидат отпуштани од болницата во фази, во зависност од состојбата. За понеделник има најава дека уште тројца од нив, ќе бидат транспортирани на лекување во скопските клиники.