Првиот снег предизвика проблеми во Грција
Првиот снег годинава, што од вчера паѓа во Грција, предизвикува разни проблеми во повеќе делови на земјата, јави дописникот на МИА од Атина.
Во северна Грција поради натрупаниот снег беа затворени неколку патишта, а со големи проблеми во сообраќајот се соочуваат и жителите на Солун, каде исто така синоќа беа затворени неколку улици.
Снег вчера падна во речиси сите планински и полупланински предели во северна, централна и јужна Грција, а деновиве се очекува температурите да паднат и под нулата, соопшти Националната метеоролошка служба.
Грчките синоптичари соопштија дека снежните врнежи ќе продолжат и денеска, во сите планински и ридски области во централна и јужна Грција, како и во низинските подрачја во северниот дел на земјата.
Во приморските реони се очекуваат силни бури, воглавно во претпладневните часови, а времето постепено ќе почне да се подобрува од запад кон север.
Поради ниските температури за вечерва се очекува во поголемиот дел од земјата да фати и мраз.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина