Свет
24. January 2017 - 17:36

Првиот дел од воените сили на НАТО пристигна во Литванија

Првиот дел од воените трупи на НАТО пристигна денеска во Литванија во близина на руската енклава Калининград, каде расте стравувањето од евентуална опасност зпобезбедноста во таа област.

Повеќе од 100 белгиски војници и воени возила пристигнаа до Клаипеда, која е на околу 60 километри од Калининград, каде се наоѓа морнаричка база и ракетен систем со голем дострел.

Вкупно ќе бидат испратени 1.200 припадници на НАТО силите, а на Белгијците ќе им се придружат германски, холандски и норвешки војници во базата Рукла во централниот дел на Литванија.

Минатата година Алијансата одлучи да испрати свои сили во земјите кои граничат со Русија и Белорусија.